Арсовска: Советниците во Советот на Градот да мислат со своја глава, не да ги слушаат партиските лидери
„Советниците во Град Скопје треба да размислуваат со своја глава, а не да ги слушаат своите партиски лидери кои се борат за политички поени“. Ова го изјави градоначалничката Данела Арсовска во 10МИНУТИ на ТВ21 вечерва. Со Арсовска дебатиравме на различни теми за Градот Скопје.
„Двете најголеми политички партии излегуваат на прес-конференции, се пресметуваат користејќи го моето име. Треба да разберат дека така само губат. Тие ја доведоа државата во ваква ситуација, не јас“, рече Арсовска.
Таа додаде дека одговорноста за Град Скопје е во советниците, и дека тие треба да ги исполнат ветувањата кои ги дале пред граѓаните, особено оние кои ја поддржале нејзината програма „За модерно Скопје“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…