Арсовска: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го остават Градот без осигурување и без здравствени прегледи за работниците и пожарникарите

t

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на денешната седница на Советот на Градот Скопје, истакна дека со црпење на средства од значајни ставки Градот ќе остане без осигуурување на Градот, без здравствени прегледи за работници, особено за припадниците на противпожарната бригада.

– Накратко, од 40 милиони денари колку што е предвидена во таа ставка вие барате 35 да се изземат, а она што нема да може да се реализира се осиурување на недвижностите на градот, осигурување на сите вработени и инспекторите од несреќа при работа, здравствени прегледи на пожарникарите, проценка за ризик на работни места, плакети за 13 Ноември… Има толку многу ставки кои со 5 милиони денари не можат да се реализираат.

Немојте да работите по диктат на лидерот, не е во ред да лажете манипулирате, сте набројале 50 проекти кои немаат фискални импликации, ги напаѓате луѓето од градската администрација коии се професионални и коректни.

Одважете се еднаш и работете со свој ум, не по диктат на лидерот. Кажете кои проекти ви се прифатени, наместо да ги понижувате луѓето тука, вели Арсовска.

– Овие луѓе ќе го оставт градот без осигурување, без безбедност и здравје при работа, без осигурани возила, без здравствени прегледи, ако сакате ова да го гласате гласајте го, објасни Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…