Арсовска: Советниците си седат и земаат паушал од над 500 евра, а не гласаат одлуки за граѓаните
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вчеравечер во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 проговори и за советот во Град Скопје.
Таа вели дека советниците си седат и земаат паушал од над 500 евра, а не гласаат одлуки за граѓаните.
„Ако се кажало дека за граѓаните треба нови автобуси, јас не може 12 месеци по ред да ставам пред советот дека треба да изгласаат нови автобуси кои не загадуваат воопшто. 12 месеци да им кажувам дека овие граѓани заслужуваат да имаат квалитетен и брз јавен превоз“, вели Арсовска.
Според неа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги гласале одлуките на нејзиниот претходник, бидејќи според нив тоа било добро за граѓаните.
„И ништо понатаму не било прашано. Сега им понудив да ја изберат банката која што ќе го направи тоа финансирање, да ги изберат условите, и да ја спроведат постапката ако сакаат. Се да направат“, додава Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…