Арсовска: “Лидерот” се закануваше дека нема да го дочекам крајот на мојот мандат – Ако мислевте дека ќе имате кандидат што ќе ви потпишува да крадете многу сте се излажале!

t

Застапувате приватен бизнис наместо интересите на граѓаните, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во одговор на прашање на советникот од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски.

– Да сте сакале сте имале можност, го има јавниот оглас објавен јавно, сте можеле да проверите колку линии биле закупени (од приватните превозници) и колку автобуси циркулирале, ама вие верувате на приватни бизниси наместо на претпријатието на кое сте основач.

На граѓаните им требаат советници кои ги застапуваат нив, а не приватните бизниси.

Од месец август дали знаете колку автобуси има оспособено овој човек овде? Исмевајте е колку сакате, тоа многу кажува за вас, рече Арсовска.

– 2% да се грижевте кога ви ги фатија директорите со рацете во медот, сега ќе го поддржувавте Градот, додаде Арсовска.

– Како закана го сметам тоа што го кажа дека немало да го дочекам крајот на мојот мандат, знајќи кој е начинот да не го дочекам крајот на мојот мандат. Исто така кажа дека без вас тука во советот немало ништо да функционира, точно вие сте виновни за она што не функционира.

Ако мислевте дека ќе имате кандидат што ќе ви потпишува да крадете многу сте се излажале, јас гарантирам за ова тука што ќе се случува. Моето дете секој ден се движи со јавниот превоз, не може да кажете дека некој лаже, а всушност вие лажете, излегувате и манипулирате. Товарот на се што нема да се реализира е ваш, вие ја поддржавте таа програма и вие сте одговорни за реализацја. Скопје не заслужува да ве има вас за советници, нагласи Аровска.

Говорот на Арсовска беше поддржан со аплауз од страна на присутните во салата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Скопјани ќе имаат две недели забавна…

Две недели ќе има новогодишна програма во…

Повредено дете од Кичево донесено на Клиника…

На комплекс клиники синоќа било донесено дете…

Одрони на патот Скопје – Велес

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Прегазени две лица во Скопје

На 15.12.2023 околу 17.10 часот во СВР…