Арсовска соопшти прекрасна вест: За првпат ученици од Скопје освоија златен медал на Балканската математичка олимпијада
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на нејзиниот Фејсбук профил објави прекрасна вест.
За првпат во историјата на Македонија е освоен златен медал на Балканската математичка олимпијада, соопшти градоначалничката.
“За прв пат во историјата на Македонија освоен е златен медал на Балканската математичка олимпијада.
Средношколецот Никола Спировски го освои првиот златен медал за Македонија на 39-та Балканска математичка олимпијада (БМО) која се одржа во Аргос, Кипар.

Македонската репрезентација составена од средношколците: Никола Спировски, Алексиј Тасиќ, Јасна Илиева, Јан Стојановски, Блаже Суклевски како и основецот Дамјан Давков го постигна најдобриот екипен резултат досега.
За постигнатиот успех денес од името на Град Скопје им доделив пофалници и награди на сите учесници со надеж дека и во иднина ќе нѐ радуваат со позитивни резултати и ќе претставуваат поттик и мотивација за идните генерации.” – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…