Арсовска со голема поддршка за културата: Повторно ќе оживее “Златно славејче” – Град Скопје поддржа 177 проекти од областа на културата

t

Град Скопје финансира 177 проекти од областа на културата, распределени 13.300.000 денари за значајни и реални програми и проекти за граѓаните, соопштуваат од Градот.

Меѓу многуте проекти од областа на културата особено внимание привлекува повторното организирање на фестивалот на детска песна “Златно славејче”, за кој градот издвојува сума од еден милион денари.

Најмладите љубители на музиката повторно ќе имаат можност да уживаат во мелодиите кои ќе ги презентираат нивните врсници.

Меѓу поддржаните проекти кои се однесуваат на најмладите е и фестивалот “Поточиња”.

Го пренесуваме соопштението на Град Скопје во целост:

“Градот Скопје донесе одлука за распределба на предвидените 13.300.000 денари за проекти во областа на културата во 2022 година. На јавниот повик кој беше објавен во октомври минатата година, беа повикани сите заинтересирани да го поднесат своето барање за користење средства од Буџетот на Град Скопје за 2022 година, наменети за финансирање на програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје.

На повикот пристигнаа 564 апликации, а Градот Скопје донесе одлука за поддршка на 177 проекти.

Во областа на визуелните уметности и уметност на новите медиуми поддржани се 29 проекти со вкупна вредност од 1.482.000 денари;

Во областа на изведбените уметности  поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од 2.785.000 денари;

Во областа на музичките уметности поддржани се 65 проекти со вкупна вредност од  6.433.000 денари;

Во областа на издавачката дејност и библиотекарство поддржани се 20 проекти со вкупна вредност од 960.000 денари;

Во областа на меѓународната соработка поддржани се 24 проекти со вкупна вредност од  1.100.000 денари;

Во областа на  културниот туризам, промоција на културното наследство и музејска дејност поддржани се 15 проекти со вкупен износ од  540.000 денари; ” стои во соопштението.

Целата листа на поддржани проекти од сите области можете да ја погледнете на следниот линк: https://skopje.gov.mk/media/8374/reshenie-za-poddrzani-proekti-od-javen-povik-za-kultura-2022.pdf

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…

Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…

По повод големиот јубилеј, 100 години од…

(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…