Арсовска со поддршка за жените претприемачи : Потпишана Декларација за подобрување и унапредување на женското претптиемништво
Градоначалничката на Град Скопје го одбележа Меѓународниот ден на жената со потпишување на Декрарација за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.
“Денеска во Градот Скопје се одржа панел дискусија за подобрување и унапредување на правата на жените, на која беше потпишана Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.

На панел дискусијата учествуваа претставници на јавните препријатија од Градот Скопје, жени на раководни позиции од градската администрација како и претставници на граѓански здруженија.
Важно е обезбедување системска поддршка која ќе гарантира економска сигурност и финансиска независност, како и фер третман за овозможување кариерен напредок на жените.

Жените се и секогаш биле двигател на промените во општеството, затоа мора да се градат политики кои ќе овозможат економско јакнење на жените, да ги промовираме успешните примери и да придонесеме за нови успеси. Системски да се воспостави механизам за поддршка, да се зголеми учеството на жените во процесот на носење на одлуки, да се подигне свесноста за потенцијалот, затоа што на тој начин го обезбедуваме личниот и колективниот развој во општеството, за сите сегашни и идни генерации.” – стои во соопштението на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…