Арсовска со честитка за денешниот празник
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук упати честитка по повод денешниот верски и државен празник, Свети Климент Охридски.
– По повод христијанскиот празник 8 Декември – Свети Климент Охридски, упатувам искрени честитки до Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Светиот Синод при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на сите припадници на православната вероисповед.
На овој голем ден оддаваме почит на ликот и делото на Св.Климент, основачот на Охридската архиепископија и основоположникот на Охридската книжевна школа. Неговото дело е од големо општествено, книжевно и духовно значење и наш потсетник секогаш да го почитуваме и вреднуваме македонското културно наследство и традиција. Делото на Св. Климент, претставува мотив за посветена работа, солидарност, сплотеност, меѓусебно почитување и добри дела. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…