Арсовска: Целосно е реконструирана спортската сала во средното скопско училиште “Георги Димитров”
Целосно е реконтруирана спортската сала во средното скопско училиште “Георги Димитров”, објави градоначалничката Данела Арсовска.
– Новата учебна година за учениците од средното училиште на Град Скопје “Георги Димитров”, започна со целосно реконструирана спортската сала со цел овозможување подобрени услови за спортување и едукација за средношколците.

Старата и небезбедна дрвена подна конструкција во спортската сала е заменета со нова подна подлога за квалитетна реализација на наставата по спорт во училиштето. Градот Скопје во континуитет вложува во подобрување на условите за овозможување непречена реализација на наставата. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Парното поскапува од 1 декември, сметките во…
Од 1 декември цената на топлинската енергија…
Вo текот на минатата недела се отстранети…
Во текот на изминатата седмица, екипите на…
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…