Арсовска: Шилегов изгради мост кој завршува во нечија дневна соба

t

Во гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија, Арсовска изјави дека Шилегов не решил проблеми со експропријација пред да започне капитални проекти.

“До крајот на годината немавме свој буџет, се беше потрошено.
Претходното раководство имаше склучено договори кои мораше да се остварат, тие не може да се раскинат бидејќи се повеќегодишни.

Доколку некој недомаќински не испланирал дека некаде треба да има мост, тогаш тоа е сериозен проблем ако не испланирал дека треба да го поврзе со два булевари и да изврши експропријација и сега таму се заглавени имоти кои треба допрва да се решаваат.

Да не разберат погрешно граѓаните, ние сега ќе ги решиме тие проблеми.

Сите капитални проекти се отпочнати со брзање, да не биде дека 5% има реализирано, во тој случај ќе било дека 1% има реализирано од програмата.” – вели Арсовска.

Таа додаде и дека буквално Шилегов изградил мост кој завршува во нечија дневна соба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…