Арсовска: Ја враќаме довербата на граѓаните со искрен пристап и напорна работа, тие што напаѓаат не исполнија ни 5% од тоа што ветуваа
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсoвска, на денешната прес-конференција посочи дека изминатите 82 дена беа доволен период да се покаже и докаже дека со искрен пристап и напорна работа, администрацијата во служба на граѓаните ќе овозможи враќање на довербата, со спроведување проекти за поубав град, град во кој видливи ќе бидат позитивните промени за добро на сите граѓани.
Покрај нападите кон мене во изминатиов период од луѓето кои потрошија милиони од средствата на скопјани, за свои лични хирови за прослави по кафеани, а при тоа не исполнија ни 5% од она кое го ветуваа 4 години, јас можам пред скопјани да потврдам дека таквите денови се веќе минато. Повеќе нема трошење пари на граѓаните за лични цели, градот се води домаќински, а проектите кои ги реализиравме и ќе ги реализираме во периодот кој следува ќе бидат доказ за тоа”, истакна градоначалничката Арсовска.
Арсовска додаде дека сево ова е доказ дека сепак може да се работи и да се реализираат ветувањата, наспроти претходното градско раководство кое за 4 години реализираше само 5% од својата програма. Таа додаде дека заедно и со поддршка на граѓаните, Скопје ќе се раководи одговорно, транспарентно, во служба на сите граѓани.
Парите на граѓаните нема да се трошат на прослави и кафеани, и луксузирање од поединци, нема да се злоупотребуваат привилегиите, поради кое однесување Градот е оставен со милионски долгови”, потенцираше Арсовска.
https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/a.219627424750144/4974986122547560/?type=3
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…