Артан Груби утре на судење

t

Поранешниот вицепремиер Артан Груби утре за прв пат ќе седне на обвинителна клупа во Кривичен суд каде што ќе му суди за делото „злоупотреба на службената положба и овластување“ за кое во Кривичниот законик е предвидена затворска казна од најмногу пет години.

Груби додека траеше истрагата првично беше обвинет за потешко кривично дело „проневера во службата“ за кое затворската казна трае и до 20 години, но подоцна истото беше преквалификувано во злоупотреба на службената положба. Тој и уште седум лица се товарат за злоупотреби во „Државна лотарија“. Обвинителниот предлог беше поднесен пред десет дена на 13-ти август, а Груби кој е второбвинет во предметот во моментот се наоѓа во куќен притвор.

Првообвинет е Прпари Бајрами, своевремено претседател на Управниот одбор и Генерален директор на Државна лотарија. Тој и натаму е во бегство и е недостапен на органите на прогонот. Според ОЈО обвинетите иако биле свесни дека Лотарија немала право да приредува електронски игри на среќа на видеолотариски терминали на територијата на државата, сепак започле постапка за набавка на видеолотариски терминали вредна стотици милиони денари, при што го оштетиле акционерското друштво за околу 8,2 милиони евра. Груби, како што е наведено во обвинението на владина седница одржана на 6ти јуни 2023 постапил спротивно на деловникот за работа на Владата и го заобиколил пропишаниот начин на одлучување.

– Вториот обвинет, кој имал реално влијание во раководењето со АД Државна лотарија, во својство на одговорно лице, претседавал со седница на Влада на Република Македонија во својство на собрание на Државната лотарија и предложил вака дополнетата точка на дневен ред да се усвои, иако бил свесен дека одлуката не е во надлежност на Владата како Собрание на Акционерското друштво, соопштија тогаш од Обвинителството.

Поднесениот обвинителен предлог против Груби предизвика и низа политики рекации, а отвори и нов фронт во ДУИ. Партиски членови кои отворено излегоа со поддршка за Груби го обвинија партиското раководство дека го оставиле сам да се соочува со обвиненијата. Од ДУИ пак негираа дека внатре во партијата имало дебата околку солидарсноста за Груби и сметаат дека немало докази против него и оти станува збор за политички прогон, а Ахмети во интервју за косовски медиум тврдеше дека тој лично побарал од Груби да се врати во Македонија. Од Влен пак сметаат дека Аеран Груби е „црната кутија на ДУИ“ и дека може да проговори за она што се случвало во Мала Речица со годинни и дека поради тоа изостанала партиската поддршка за долгодогшниот интегративец.

Груби повеќе од една година беше бегалец. Ја напушти државата во декември 2024 преку граничниот премин со Косово и покрај тоа што беше на таканаречената „стоп листа“. По него беше распишана меѓународна потерница. На 23 февруари годинава Груби се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен и однесен во притвор. Сепак, тој во затворот во Шутка се задржа само неколку часа, бидејќи мерката по неговиот распит во Обвинителството му беше заменета со куќен притвор со 24-часовен полициски надзор врз основа на проценка од МВР и АНБ дека не можела да му се гарантира безбедноста во затвор. Заедно со него утре на обвинителна клупа ќе седнат и уште шест лица. И тие се сомничат за Злоупотреба на службена положба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Артан Груби утре на судење

Поранешниот вицепремиер Артан Груби утре за прв…

ТРАМП ДОБИ „НЕ“ ОД КАНАДА: Пропаднаа трговските…

Трговските преговори меѓу САД и Канада пропаднаа,…

Шпанската полиција заплени 1,5 тони кокаин, меѓу…

Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин…

Допирал тинејџерка додека одела пеш, па избегал…

На 22.08.2026 во 22:30 часот, полициски службеници…

Пратеници на Алијансата за иднината на Косово…

во од енергетската ситуација и оценувајќи дека…