Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка до премиерот Мицкоски

t

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за претседател на Владата посакувајќи му успешен и плодотворен мандат на, како што истакнува, исклучително одговорната должност.

-Почитувајќи ја волјата на мнозинството граѓани на последните собраниски избори во Македонија, кои во Вашата програма препознаа можност за напредок на државата, дозволете ми од Свое, како и од името на архијереите, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, да Ви го честитаме изборот за Претседател на Владата на Македонија. Имајќи ги предвид времето и приликите во кои живееме, Ви посакуваме од Господа успешен и плодотворен мандат на исклучително одговорната должност како Претседател на македонската Влада. Секоја власт е од Бога, поучува светиот апостол Павле (Рим. 13, 1), па Нашите молитви се упатени кон Него, за Вам и на Вашите соработници да Ви дарува добро здравје, потребно трпение и многу мудрост за успешно извршување на должностите, преку богоугодни и родољубиви дела, пишува во честитката.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, која вековно ги негува духовните и општествените полезни вредности, наведува поглаварот г.г. Стефан, очекува соработка со институциите на новата Влада во рамките на уставните и законските можности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Моторџија од Србија е тешко повреден во…

„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…

Дете од Дебар е тешко повредено во…

Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…