Архиепископот Стефан во канонска посета на Американско-канадската епархија
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од презвитер Даниел Јовановски и протоѓакон Александар Димитријов, престојува во канонска посета на Американско-канадската епархија, по покана од надлежниот архијереј, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, а по повод одбележувањето на 50-годишниот јубилеј од Осветувањето на првиот храм на црковната општина „Свети Кирил и Методиј“, во Њу Џерси, САД.
Првобитниот храм на оваа црковна општина е осветен од блаженоупокоениот Митрополит Кирил, во 1974 година и се наоѓал во градот Пасаик, Њу Џерси. Сегашниот велелепен храм, пак, се наоѓа во градот Сидер Гроув, Њу Џерси, и е осветен во 2004 година, од Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан, пренесува Литургија.мк.
Храмот е еден од најголемите и најубавите македонски Божји домови во САД, а од 2021 година, негов парох е протојереј Гоце Постоловски, намесник на Источноамериканското намесништво на Американско-канадската епархија. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентите повикаа граѓаните да не одат во…
Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ соопшти дека,…
Повторно судири меѓу демонстрантите и полицијата во…
Во Тирана, за време на студентскиот протест,…
Излезноста на изборите во Србија до 18…
Според најновите податоци на Републичката изборна комисија…
Зеленски: Оваа недела Русија ја нападна Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во…
ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО…
Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност…