АСНОМ е шилецот вперен во срцето на нео-фашизмот и економската бездна кои се втурнати над нас – моќта на работниците и земјоделците

t

🚩 Обичните луѓе да управуваат со својата судбина. Нашите народи да се обединат во своите сличности и да ги слават разликите. Рамноправност наспроти подредување. Љубов наспроти омраза. Живот наспроти профит и антифашизмот како ѕвезда-водилка!, стои во Фејсбук објавата на Амар Мециновиќ

Во овие идеали се вљубивме како цели генерации кои ги живеат овие нови времиња. Идеали кои некои претходни генерации ги однеле во победа против далеку помоќен непријател.

Денес, кога на моменти се чини дека борбата е пеколна и непобедлива, тие се споменици на незапирливиот народен дух и порив за класно и национално ослободување кој тлее помеѓу нас.

Живеејќи ги, воспитани сме да го сакаме секој наш сонародник и соборец. Да го сакаме нашиот колектив, кој иако вбројан во победниците на Втората светска војна, денес се наоѓа угнетенен и втурнат на периферијата на тековите.

Затоа, АСНОМ е шилецот вперен во срцето на нео-фашизмот и економската бездна кои се втурнати над нас. Наше оружје, поради простата причина што секоја година не потсетува за сопствената моќ и неизбежната победа. Моќта на работниците и земјоделците. Победата на Република Македонија и сите југословенски народи.

🇲🇰 АСНОМ ЖИВЕЕ! , пишува Мециновиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…

Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…

Левица: Три години се крши Законот за…

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…

Трендафилов: Илинден е секој ден и секој…

,,Ние не само ве имаме како сфои…

Во Крушево почнува манифестацијата „10 Дена Крушевска…

Со кревањето на знамето на Крушевската Република…

БМЗ ја затвора фабриката во Илинден, се…

Германската компанија БМЗ (BMZ Group), која произведува…