Објавено на:

Асфалтирани дел од пешачките патеки меѓу езерцата во Градскиот парк

t

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје деновиве почнаа со асфалтирање на реконструираните пешачките патеки во градскиот парк во делот меѓу малите езерца, наспроти локалот „Централ парк“.

Досега е обновена површина од околу 620 метри квадратни со нова асфалтна маса, а патеките се со широчина од три до пет метри и со различна должина. Реконструкцијата на пешачките патеки ќе продолжи и во наредниот период во средишниот дел од паркот, со цел да се обноват со нов асфалт вкупно 3.000метри квадратни.

Денес екипите продолжуваат со активностите за реконстукција и асфалтирање и на останатите пешачки патеки, со што ќе се добие уреден изглед на Градскиот парк кој граѓаните го користат за прошетки и рекреација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…