Објавено на:

Атанасовски тврди: Отварањето на бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов” е масло на српско-руските тајни служби

t

Отворањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола е диригирано од руско-српски тајни служби во Софија и Скопје, тврди политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски.

„Тој клуб е регистиран во 2019 година, а направи промоција пред месец дена. Конструирано е затоа што во моментот кога актуелната германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок даде изјава дека во јуни се очекува Македонија да ги почне преговори со ЕУ, се направи тој настан за да предизивика такви реакции. Тие беа негативни во македонското општество, а во Софија имаше контра реакции дека не ги почитуваме правата на Бугарите, рече политикологот во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5.

Според него, наместо последен обид за дипломатско решение, се случи тој настан, кој веќе влошените односи дополнително ги испроблематизира и оттогаш со провокативни изјави само се оди надолна линија односите меѓу Македонија и Бугарија.

„Не можам да разберам како ние како држави во изминатите пет години, постојано слушаме од официјална Софија такви изјави. Сакаат да предизвикаат негативни реакции од нас, за после да соопштуваат дека Бугарите се понижувани“, вели Атанасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ