Атанасоски: Левица има голем потенцијал да земе десничарски гласови, а за ДУИ овие избори се да се биде или не

t

Ова според мене ќе бидат најинтересните претседателски избори во независна Македонија затоа што има голем број кандидати, при што двајца кандидати од поголемите партии од македонскиот блок, двајца од поголемите партии од албанскиот блок и тројца од помали партии. Мојот став е дека во вториот круг сепак ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Неизвесен е апсолутниот број на гласови на сите седум кандидати што ќе се одрази на гласовите за Гордана Силјановска Давкова која има ригидни ставови по однос на меѓународните договори кои САД ги сметаат за столбови на демократијата во Македонија, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Мицкоски е свесен дека Ванковска и Јакимовски претендираат кон истото гласачко тело, но не знам зошто го изостави Максим Димитриевски од ЗНАМ, кои сите имаат исти или речиси исти ставови по истите прашања и ги негираат Преспанскиот и Рамковниот договор и договорот за добрососедство со Бугарија, – вели Атанасоски.

Кога станува збор за партиите, Атанасоски вели дека Левица има потенцијал да земе многу повеќе од десничарските глаови, па оттука ВМРО-ДПМНЕ сега повеќе води кампања против Левица отколку против СДСМ.

– Има гласачко тело во ВМРО-ДПМНЕ кои се на став дека не смее да има уставни измени и ништо друго, па постои можност овие гласови да се одлеат кон Левица. Тоа ќе биде интересно да се следи, – вели Атанасоски.

Што се однесува во албанскиот блок на партии, Атанасоски вели дека таму сликата е јасна – или ќе гласаат за ДУИ или против ДУИ и нивното дваесетгодишно владеење.

– ДУИ мораше да извади свој кандидат откако албанската опозиција излезе со кандидатура на Арбен Таравари. Да не беше така, ДУИ ќе го поддржеа Пендаровски, – вели Атансоски и додава дека оваа ситуација предизвика ДУИ да ја зголеми својата националистичка реторика со цел да провлече што поголем брог гласови од албанското гласачко тело.

Според Атанасоски, по изборите ДУИ нема да отстапи од ставот претседател да се бира во Собранието. Општо, овие избори за ДУИ значат да се биде или не.

– Инаку, на овие избори е за очекување дека ќе има големо гласачко тело кое ќе гласа за Пендаровски, но нема да гласа на СДСМ. Оттука ќе биде интересно каде ќе се насочат албанските гласови во вториот круг претседателски избори, -вели Атанасоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…

Граѓаните чуваат 7,4 милијарди евра во банките,…

Граѓаните во земјава чуваат 7,4 милијарди евра,…

(Видео) Редици српски граѓани пред експозитурите на…

Редици српски граѓани застанаа пред експозитурите на…

МВР откри интернет измама со стотици оштетени…

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика…

Кражбата на 6,3 милијарди долари од Binance:…

Се сомнева дека Северна Кореја стои зад…