Објавено на:

Атентатот на Фицо бил однапред планиран, покренато е обвинение

t

Обидот за атентат на словачкиот премиер Роберт Фицо бил однапред испланиран, изјави на прес-конференција вицепремиерот и министер за одбрана на земјата Роберт Калињак.
Тој додаде дека не е случајно и истакна дека напаѓачот претходно присуствувал на протестот во Долна Купа, каде што се одржувала владината седница, како што претходно објавија медиумите.

Словачкиот премиер Роберт Фицо се наоѓа во болницата во Банска Бистрица, каде што беше опериран откако беше ранет во пукање по седницата на Владата што се одржа во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од Братислава. Според последните информации, Фицо по неколкучасовна операција е ставен во индуцирана кома.

Напаѓачот на Фицо беше уапсен откако испука неколку куршуми кон словачкиот премиер. Напаѓачот е обвинет за кривично дело убиство во обид од политички причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Црна Гора спречен атентат со снајпер…

Во текот на оваа недела, во Црна…

Русија тврди дека и Полска е вмешана…

Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот…

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за…

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот…

Застрелан заменик-шефот на руското воено разузнавање!

Заменик-шефот на руската воена разузнавачка служба е…

Петмина уапсени поради наводен обид за атентат…

Пет лица се уапсени во Еквадор поради…