Објавено на:

АфД се уште е најсилна партија во Германија

t

Десничарско-популистичката Алтернатива за Германија (АфД) и понатаму е најсилна политичка партија во Германија, покажа истражувањето на институтот YouGov објавено денеска, откако партијата на почетокот на месецов оствари уверлива победа на изборите во источната сојузна покраина Саксонија-Анхалт.

Според истражувањето, АфД во моментов има поддршка од 29 проценти од гласачите, што е за еден процентен поен повеќе отколку во август.

Истовремено, демохристијанската ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц и нејзината баварска сестринска партија ЦСУ паднаа на 18 проценти, што е нивен најлош резултат досега. Во однос на претходниот месец изгубија два процентни поени.

Зелените пораснаа за еден процентен поен, на 16 проценти, додека Социјалдемократската партија на Германија (СПД), помлад партнер во владејачката коалиција со конзервативците на канцеларот Мерц, исто така зајакна за еден поен, на 13 проценти.

Левицата падна за два поени, на 10 проценти. Слободните демократи останаа на пет проценти, додека популистичкиот Сојуз на Сахра Вагенкнехт порасна на четири проценти.

Истражувањето покажува и промена во ставовите на гласачите кон политиката на другите партии да не соработуваат со АфД.

Мнозинството од испитаниците, односно 59 проценти од нив, и понатаму ја сметаат АфД за крајно десничарска партија, додека 30 проценти од нив не го делат таквото мислење. Овој однос речиси и не се променил во однос на мај 2025 година.

Кога станува збор за можноста за соработка со АфД, ставовите во меѓувреме се променија. Вкупно 51 процент од испитаниците сметаат дека другите партии не треба однапред да ја исклучат соработката со АфД, во споредба со 44 проценти во август. Истовремено, 40 проценти од испитаните сметаат дека соработката со АфД треба целосно да биде исклучена, додека таков став во август застапувале 46 проценти од испитаниците.

Резултатите од истражувањето доаѓаат по силниот изборен успех на АфД во Саксонија-Анхалт, каде што партијата во почетокот на септември оствари уверлива победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од утре исплата на средства за клиентите…

Од утре, 5 ноември, граѓаните што имаат…

Уапсен е прилепчанец, полицијата дома му најде…

Полицијата вчера уапсила млад прилепчанец откако при…

Клиника за детски болести: Обезбедена е современа…

Уште една добра вест од Клиниката за…

Криптопазарот изгуби 300 милијарди долари за еден…

Криптопазарот се соочува со нов бран на…

Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…

Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…