АфД ја зголемува предноста пред ЦДУ/ЦСУ во анкетите
Десно-популистичката партија Алтернатива за Германија (АфД) бележи раст во сите релевантни анкети и сега го зазема првото место по популарност меѓу политичките партии, јавуваат денеска германските медиуми.
Редовната анкета „Политички барометар“ на јавниот сервис ЗДФ покажува предност од четири процентни поени за АфД во однос на владејачката демократско-христијанска Унија (ЦДУ/ЦСУ).
На прашањето „Кого би избрале ако следната недела се одржуваат парламентарни избори?“, 28 отсто од испитаниците ја избрале АфД, додека Унијата добила 24 отсто, што претставува зголемување на разликата за два процентни поени во споредба со претходната анкета. На третото место со 13 отсто е Социјалдемократската партија на Германија (СПД), додека Зелените и Левицата бележат 12, односно 11 отсто.
Во анкетите на другите институти АфД бележи уште повисоки резултати — во испитувањата на Инса (Insa) и ЈуГав (YouGov) АфД има 29 отсто поддршка, додека Унијата е на второто место со 22, односно 20 отсто. Владеачките партии ја губат популарноста и покрај мерките за намалување на нерегулираната миграција, а ограничувањето на доселувањето останува еден од главните адути на опозициската АфД.
Во септември во неколку сојузни покраини на истокот од земјата се очекуваат избори за покраинските парламенти каде што се предвидува добар резултат за АфД. Во Саксонија-Анхалт дури се очекува и апсолутно мнозинство и можност за назначување на првиот покраински премиер од редовите на АфД.
Анкетата, исто така, покажува недоволна подготвеност кај граѓаните да ги прифатат финансиските оптоварувања кои би произлегле од планираните реформи на социјалниот систем што ги предлага владата на Фридрих Мерц — само 25 отсто од испитаниците се подготвени да ги поднесат тие трошоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку ракети „Патриот“ ќе купи Украина со…
Украина побара од Европската комисија да издои…
Медведев ѝ се закани на Германија со…
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија,…
ЕУ вложува 3 милијарди евра во AI…
Глобалната трка за изградба на огромни дата…
Ердоган: Членството на Турција во ШОС не…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави…
СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…
Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…