Африм Гаши доби нов четиригодишен мандат како претседател на Алтернатива

t

Во демократска атмосфера, транспарентно и со огромно мнозинство делегатите на Првиот конгрес на Алтернатива денеска во вториот работен дел му доверија нов четиригодишен мандат на досегашниот претседател на партијата, Африм Гаши.

За изборот на Гаши за нов претседател на Алтернатива гласаа високо мнозинство од присутните делегати на Конгресот. Претседателот Гаши по гласањето се заблагодари за честа и довербата која што му ја дадоа делегатите на Конгресот и членството на партијата.

„На демократски начин Конгресот одлучи да ми довери нов четиригодишен мандат. Тоа е огромна чест и одговорност истовремено, им благодарам на сите членови на Алтернатива. Истовремено сакам да биде ова успешен мандат не само за активистите и гласачите на Алтернатива, туку и за сите граѓани. Мислам дека денеска Алтернатива станува еден од најсериозните политички субјекти во државата, со намера да допринесе во севкупнитеполитички процеси во државата, како еден од најконструктивните, најотворените субјекти во државата кои мислат државотворно и сакаат да допринесат за добробитот на сите во државата“, изјави претседателот Гаши по завршувањето на Првиот Конгрес на партијата.

Конгресот денеска донесе и уште два важни документи за следните четири години – Статутот, како и новата програма на партијата за периодот 2022 – 2026. Делегатите со мнозинство гласови ги избраа и новите членови на Централниот одбор.

Првиот конгрес на Алтернатива се одржа во големата сала на Филхармонија. На работниот дел му претходеше свечен дел во присуство на бројни гости од Владата, политичките партии, дипломатскиот кор и пријатели на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Алтернативата на членството во ЕУ нема,…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека…

Велика Британија бара алтернатива за Visa и…

Британската влада го повика банкарскиот сектор да…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

„Европски сојуз за промени“ е името на…

БРУКА ОД СООПШТЕНИЕ: Алтернатива, наместо да бара…

И ова го дочекавме... Алтернатива во траги-комично…

Ова е “независна држава”: Алтернатива бара судството…

Од политичката партија Алтернатива денеска побараа судството…