АХВ ги пушти во продажба пиперките и грозјето што ни ги врати Бугарија и Црна Гора

t

Пиперките и трпезното грозје, вратени од Бугарија и Црна Гора откако беа пронајдени остатоци од пестициди над дозволените граници во овие земји, се пуштени во промет во Македонија по дополнителни лабораториски тестови.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство, четири пратки се вратени во земјата во последните три месеци – три со пиперки и една со трпезно грозје. По нивното враќање, АХВ спроведе дополнителни проверки, додека тестовите спроведени на лице место не покажаа присуство на остатоци од пестициди.

Две пратки пиперки од Бугарија биле анализирани во акредитирани лаборатории, додека примероци од втората пратка беа тестирани и во Државната фитосанитарна лабораторија и лабораторија во Струмица. Резултатите биле негативни, по што пратките се пуштени во промет или понатамошна преработка.

Исто така, 14 тони црно трпезно грозје, вратено од Црна Гора, беше пуштено во промет или преработка по дополнителна анализа.

За разлика од овие случаи, пратката црвени пиперки од сортата „Куртовска капија“, вратена од Хрватска, беше безбедно уништена.

Во истиот период, АХВ доби и четири известувања од Хрватска преку Европскиот систем за брзо предупредување за храна, кои се однесуваат на приближно 50 тони македонско овошје и зеленчук, вклучувајќи сливи и пиперки.

Дел од пратките беше уништен, додека остатокот беше запрен на границата и не му беше дозволено да биде пуштен во промет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…