АХВ демантира: Нема канцерогено млеко во земјава!
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) рекоа дека тврдењата на Трипуновски се неосновано ширење паника и доведување на граѓаните во заблуда. Од Агенцијата велат дека при увоз на млеко од Србија и од Босна и Херцеговина се земаат мостри на граничните премини, односно пратките не се пуштаат во промет до добивање задоволителен резултат од тестирањата. Од Агенцијата тврдат дека нема канцерогено млеко во земјава.
Во однос на тврдењата Комисијаза за земјоделство на ВМРО ДПМНЕ, Бабавовски вели дека се собирање ситни политички поени и злоупотреба на чувствата на народот, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски.
-Со изнесување т.н. факти, презентирајќи лабораториски наоди за небезбедно млеко со афлатоксин, кои во ниту еден момент не ги демантираме како институција, тој, непознавајќи ги процедурите за работа и законските прописи, несвесно, не само што ги доведува во заблуда потрошувачите, туку кај нив шири страв за безбедноста на храната која ја консумираат и за нивното здравје. Досега Трипуновски требаше да научи дека пред да се пуштат во промет, уште на граничните премини и на местото на истовар, особено млеко и млечни производи кои се увезуваат од соседна Србија и од БиХ, поради утврдениот ризик од афлатоксин во овие производи, АХВ врши задолжително лабораториско тестирање на секоја пратка која останува под надзор се додека за неа не се добие задоволителен резултат за да се најде во промет. Оттаму, лаички е да се тврди дека проивзодите кај кои е детектирано присуство на афлатоксин над максимално дозволените граници се пуштени во промет, истакна Бабовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Високите температури го зголемуваат ризикот од труење…
Новото најавено зголемување на дневните температури, кое…
Владата ќе ги опомени трговците што се…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во…
СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен…
Кризата со откупот на млеко се зголемува,…
Храната речиси и да не поскапела од…
Цените на основните прехранбени производи во просек…
Србија ќе го ограничи извозот на храна…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…