АХВ заплени и уништи еден тон пилешки желудник
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што се запленети и уништени 1.000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се џсоодветни прекршочни санкции.
Како што информира АХВ, спроведените контроли во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите.
-Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето – можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АХВ заплени и уништи еден тон пилешки…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Запленети 150 килограми месо со изминат рок,…
Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 150…
Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45…
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…
Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…
Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…
Левица бара оставка од директорот на АХВ…
После информации за квалитетот на млечните производи,…