АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло по спроведен вонреден инспекциски надзор

t

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.

При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација, извести АХВ.

„Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.

На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност“, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство и додаваат дека ќе продолжат со спроведување засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АХВ заплени небезбедна храна со непознато потекло…

По добиена пријава, со интервенција од Единицата…

Пет земји денес доставија 97 тони храна…

Авиони од Обединетите Арапски Емирати, Германија, Белгија,…

Грчки авиони исфрлиле 8,5 тони храна во…

Два авиони на грчкото воено воздухопловство утрово…

Американски гигант во производство на храна банкротираше…

Дел Монте Фудс, компанијата стара 138 години,…

Смртоносна бактерија откриена во уште еден прехранбен…

Прехранбен производ е итно повлечен од продажба…