АХВ уште ги нема добиено анализите по труењето од храна на шестмина работници во ТИРЗ Штип
По пријавата за труење на шестмина вработени во фабрика во ТИР зоната во Штип, од Агенцијата за храна и ветеринство денеска информираат дека до овој момент ги немаат добиено резултатите од лабараториските испитувања од земените брисеви и мостри од храната. Но, кај фирмата која ја обезбедува храната за вработените во фабриката во ТИР зоната од надзорот констатирани се отстапувања во хигиената од помал обем, за што како што информираат од АХВ на операторот и на одговорното лице му е изречена парична казна, а кујната е времено затворена до отстранување на утвредните недоследности.
-Во средата, по добиени пријави од ЈЗУ Штип, дека шест вработени во компанијата се јавиле на лекување со стомачни тегоби по консумирање на оброк во компанијата, инспектор за храна од АХВ во соработка со Државниот Институт за јавно здравје Скопје, спроведе вонредна инспекциски надзор во кујната каде се послужувала храна. Земени се брисеви и мостри за лабараториско тестирање за утврдување на евентуалниот причинител на можно труење со храна-соопштија од АХВ.
Инаку, четворица од вработените во фабриката медицинска помош побарале во Клиничка болница-Штип, а две лица во приватни здравствени институции и не се задржани на болничко лекување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема регистриран ниту еден пациент поради конзумирање…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега…
Три „ер трактори“ на ДЗС вклучени во…
Интензивно се интервенира на терен во моментов…
Кондовецот Бесим Красниќи излегол од затвор за…
Кондовецот Бесим Красниќи го пуштиле од затвор…
Хорор во прилепско: Маж пронајден мртов со…
68-годишен маж од прилепското село Беровци е…
Што значи прогласување епидемија
Прогласувањето епидемија на Западно-нилска треска во одредено…