Ахмети вели: Утре е историски ден, го избираме првиот премиер Албанец

t

За лидерот на интегративците Али Ахмети, утре е историски ден, оти се избира првиот премиер – Албанец. Тој денеска во живо се вклучи на Фејсбук.

„Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Македонија. Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците и за сите други, бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден по друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за европска Македонија“, кажа Ахмети.

Во текот на денот Талат Џафери кој го доби мандатот за состав на техничка Влада, треба да го достави предлогот за состав на Влада до Собранието. Утре до полноќ треба да се гласа нова Влада на чело со Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…