Ахмети: Ви кажувам ексклузивно, уставните измени ќе се изгласаат!
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети е убеден дека ќе се изгласаат уставните измени, со што Македонија ќе го продолжи својот пат кон полноправно членствот во Европската Унија. Тој порача дека секогаш е оптимист и уверува дека ќе биде продолжена седницата во Собранието за промена на Уставот и внесување на бугарското малцинство како дел од Преамбулата.
-Дали некогаш сум звучел песимистички? Колку години ме следите во политиката? Еве ви кажувам ексклузивно, но не ви кажувам датум. Собраниската дебата е завршена. Потребно е да се свика седница за гласање. Рокот за тоа е до пред парламентарните избори, порачал Ахмети во интервју за ТВ 21.
Според него, уставните измени се историска можност за Македонците и сите што се вистински патриоти ќе гласаат „за“.
Ахмети упатил и порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Уставните измени отвораат пат напред за државата. Мицкоски треба да размисли убаво, тој има голема одговорност како лидер на опозиција, треба да разбере дека уставните измени отвараат пат напред за државата, отвараат пат за развој на државата, истакнал лидерот на ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…
Во просториите на општина Гостивар попладнево се…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…
Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…
Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…
Јовески се правда: Обвинителството не е консултирано…
Владата во постапката за донесување закони, а…