Ахмети: „ВМРО ДПМНЕ греши, ако мисли дека ќе ја погреба ДУИ“
„ВМРО ДПМНЕ греши, ако мисли дека ќе прави со Левица 61 пратенички мандати и оти ќе ја маргинализира и ќе ја погреба ДУИ како единствена пречка, божем, во наводници, ‘поради која Македонците не можат да напредуваат, бидејќи ДУИ им ја презела власта и оти тие ќе им го вратат достоинството на Македонците’. Многу грешат и овие соништа нема да ги видат.’ – рече Ахмети во својата реч на партискиот собир во гостиварското село Чегране, нагласувајќи дека ни треба обединет фронт за Европа.“ – објави ТВ 21.
ТВ 21 пишува: „Лидерот на ДУИ зборуваше и за руското влијание во земјата. Тој кажа дека треба да бидеме внимателни, бидејќи Москва се обидува да оствари влијание во земјата. Му порача на ВМРО ДПМНЕ ‘да не сонува дека ќе прави 61 пратеници со Левица.“ ‘Целосно сум убеден и верувам во определбата на главните политички партии, не на Левица, дека имаат прозападна насоченост. Не ми се допаѓаат алијансите, што ги прават.’ – истакна лидерот на ДУИ Ахмети.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…