Ахмети глуми патриот, измислува зелена агенда додека сложно крадат со СДСМ, а потоа се откажува од Косово пред меѓународната заедница

t

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на изјавите на Али Ахмети за соработка на партијата со СДСМ.

Ова е партиската реакција:

“Почитувани,

Секогаш кога Али Ахмети сака да се допадне на меѓународната заедница во неговите средби се откажува од Косово, и ја фали иницијативата на Србија Отворен Балкан каде Косово не се споменува, и измислува зелена агенда, а секогаш кога треба на Ахмети и Ковачевски да поминат тендерите и милионите во РЕК и Осломеј, Ахмети станува загрижен патриот и збори за Косово.

Ахмети не треба да се чуди зошто ДУИ ја обвинуваат за корупција. Освен тоа што треба да си провери во орманот за струја, каде има диво приклучен кабел за струја, треба да ги провери и кадрите кои 20 години се извор на криминал и корупција.

Зелената агенда на ДУИ и темата со етничките права на заедниците се измислени за да ДУИ се покрие во моментите кога од народот краде највеќе.

И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен. Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од закон, кои се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…

Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите…

СДС продолжува со ширење лажни, паушални и…

СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе…

СДСМ и коалицијата со амандмани на Предлог-буџетот…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…