Ахмети за средбата Вучиќ-Курти: Се прават последните чекори за помирување

t

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од настан во тетовското село Селце се осврна на претстојната средба во Охрид во сабота каде се очекува косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ да потпишат договор и оценувајќи ја како финална постапка за помирување.

Ахмети смета дека меѓународната заедница „не смее да го повтори случајот со Босна и Херцеговина“.

-Се прават последните чекори кон помирување, ги охрабруваме косовските власти, премиерот, претседателот на Собранието и претседателот, пратениците и опозицијата на 18 март во Охрид да се донесе стабилна и правична одлука за Косово конечно влегува на патот без враќање на интеграциите во светските структури на ОН, НАТО и ЕУ. Ги охрабруваме властите без двоумење да одлучат за иднината на Косово и тие го имаат нашиот грб. Но, апелираме и до меѓународната заедница, до посредниците за овој договор за помирување, да не се случи случајот со Босна, каде Босна е нефункционална држава и лош пример, затоа секое решение што ќе се постигне на 18 март во Охрид, треба да биде во служба на решението, траен мир и во целосна согласност со авторитетот на Косово како легитимен претставник на илјадници и илјадници жртви, изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети зборуваше на настанот со кој се одбележува почетокот на вооружениот конфликт во 2001 во Тетово, наречен „Пролет на достоинството“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…

Имаше 69 години, а веста за неговата…

(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…

Пожар избувна во висока станбена зграда во…

Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…

ЗНАМ не отстапува од својот став околу…

Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…

Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…

Терористот од Краков почина во болница

Михал Оксински, кој уби шест лица во…