Ахмети на средба со евроамбасадорот Гир во кабинетот на Груби
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска остварил средба со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Тема на разговорите, како што соопштија од партијата на Ахмети, меѓу другото, биле и претстојните пртеседателски и парламентарни избори кои треба да се одржат во април и мај следната година.
Двајцата, како што е наведено во париското соопштение, истакнале дека демократското одвивање на изборите е од големо значење за европската иднина на земјата.
„Ахмети го информираше амбасадорот за цврстата проевропска позиција на ДУИ и за продолжување на конкретизирањето на иницијативата за заеднички акционен фронт што ќе го трасира безбедниот пат на земјата кон европскиот хоризонт“, информираат од ДУИ во партиското соопштение.
Лидерот на ДУИ нагласил дека уставните измени и зајакнувањето на механизмите за владеење на правото се во фокус на владината коалиција и остануваат приоритет на земјата на патот кон ЕУ. Истакнал и дека ДУИ со целиот свој потенцијал ќе продолжи да инсистира на усвојување на уставните измени и продолжување на реформирањето на земјата во европски дух.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со сончеви периоди. По одделни…
ЗЕЛЕНСКИ БАРА ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ ОД ЗАПАДОТ: Украина…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од западните…
Мерц му порача на Трамп: Мировниот договор…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц му порача на…
НОВИ ЕКСПЛОЗИИ ВО ИРАН: Силни детонации во…
Иранските медиуми јавуваат за нови експлозии во…
ЕУ и НАТО: Претстои уште многу работа…
Европската Унија и НАТО повторија дека претстои…