Ахмети: Нема никаков проблем, сме дискутирале и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ. Со 80 пратеници од Уставот ќе ги отстраниме „20 отсто“

t

„Нема никаков проблем, ние сме дискутирале и со ВМРО ДПМНЕ и со СДСМ. Во потребниот момент ние ќе имаме 80 мандати и две третини, бидејќи промената на Уставот е проблем, кој може да се регулира.“ одговори лидерот на ДУИ Али Ахмети во врска со отстранувањето на терминот ’20 проценти’ од Уставот, што се однесува до албанскиот јазик“ – ја пренесува весникот на албански јазик “„Лајм“ информацијата на ТВ 21 под наслов „Во 2001 бев со калашников покрај себе’ – Ахмети вели дека нема никаков проблем во врска со отстранувањето на ’20-те проценти’.“

„Лајм“ пишува: „Ахмети кажа дека гарантира оти ’20-те проценти’ не ги загрозуваат правата на Албанците и оти ќе бидат отстранети во потребниот момент.“

„Дваесетте проценти’ се компромис, што беше направен во 2001 година, со цел да не се загрозува суштината на Охридскиот мировен договор. Ние, како Албанци, го направивме тој компромис. Јас не бев на масата за преговори, туку бев со калашников покрај себе во 2001 година. Но, го прифатив овој компромис, бидејќи целата меѓународна заедница, но и сите, кои настојуваа да придонесат кон мирот и постигнувањето на овој договор, ни гарантираа дека со тоа не се загрозуваат суштината на Рамковниот договор, ниту правата и унапредувањето на Албанците.“ – рече Али Ахмети.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Кочани ќе има средба со…

Во текот на оваа работна недела, градоначалникот…

Јорданов прогласи кризна состојба во делови од…

Жителите на повеќе населби во Штип ќе…

Амбасадата на Иран во Атина ја демантираше…

Амбасадата на Иран во Атина денеска ги…

Уапсени четири лица за детска порнографија во…

Во акција на полицијата на Република Српска,…

49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години

Кривична пријава за силување на дете помладо…