Ахмети: Ова е голема победа за Косово, на различни нивоа се потврдија гласовите за прием на Косово во Советот на Европа

t

Заменик-министерот за надворешни работи Крешник Ахмети изјави дека гласовите за прием на Косово во Советот на Европа се потврдени на различни нивоа, пренесува Репортерс.
Ахмети посочи дека приемот во оваа организација е релативно долг и сложен процес.

„Косово на 12 мај поднесе барање за членство во Советот на Европа. Бевме свесни за релативно долгиот и сложен процес. Има три нивоа, прво е гласањето на амбасадорот во Стразбур, потоа треба да се подготват три извештаи во Парламентарното собрание, кои треба да се комбинираат и да се изгласаат во Комитетот на министри, каде што е последната фаза. Ние сме во првата фаза. Имаме гласови. Потврдени се на различни нивоа“, рече Ахмети.

Тој рече дека воопшто не е точно оти Србија победила бидејќи немало гласање за барањето на Косово за прием на ниво на амбасадори. Тој посочи дека мислењето на Правниот оддел на Советот на Европа заклучило дека апликацијата на Косово треба да се разгледа како и секоја друга.

Ова е победа за Косово“, рече Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шверц на границата меѓу Македонија и Косово:…

Возило без регистарски таблички е запрено во…

Дали поранешен советник на Заев е вмешан…

Името на Виктор Петрушевски, поранешен советник на експремиерот…

Курти: Секој километар пат што нè зближува…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Косово разоткри и обвини српски шпион на…

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…