Ахмети размислува за повлекување од политиката, сопартијците го убедуваат дека е рано за тоа
Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, откри дека размислува за повлекување од активната политика по повеќе од две децении поминати на политичката сцена.
Во интервју за РТВ21, Ахмети зборуваше за својата иднина, но и за состојбите во партијата, при што призна дека по 25 години активна политичка кариера сè почесто размислува за пензионирање.
„Искрено, јас лично размислувам за тоа, бидејќи зад мене се 25 години политика и историја. Животот во постојани активности и со состаноци носи свое оптоварување“, изјави Ахмети.
Сепак, тој додаде дека неговите сопартијци и соборци сметаат дека сè уште не е време за негово повлекување и дека неговото присуство во политиката останува потребно.
Ахмети се осврна и на кадровските промени во ДУИ, нагласувајќи дека во раководните структури веќе има значително освежување. Според него, повеќе од 83 проценти од раководството го сочинуваат нови и млади лица.
Ахмети се осврна и на кадровските промени во ДУИ, нагласувајќи дека во раководните структури веќе има значително освежување. Според него, повеќе од 83 проценти од раководството го сочинуваат нови и млади лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и…
Конечна потврда за тоа кој е најголемиот…
Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…
Бугарија денес избира претседател. Право на глас…
Редови пред избирачките места: Почнаа вонредните парламентарни…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…
Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…