Ахмети: Рамо до рамо за Европска Македонија – Изборот на премиер Албанец е историски ден и не застануваме тука

t

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку видеообраќање на Фејсбук  истакна дека утре, денот кога треба да биде избрана техничката влада предводена од Талат Џафери е историски ден и за Албанците и за Македонците бидејќи ќе биде избран првиот премиер Албанец.

-Почитувани браќа и сестри, почитувани граѓани, пред четири години од ова место Ви се обратив со зборовите: “Сè има свој почеток. Сè започнува со еден сон.” Ви реков дека сите имаме свои сништа, за нашите деца, за себе, за државата. Верувам дека ќе се присетите кога истакнав дека ние, Албанците, сонувавме за слобода и еднаквост. Слободата и еднаквоста не доаѓаат лесно, бараат многу пожртввуваност и посветеност, но и верба, верба дека целта ќе се постигне. Ме прашаа, дали навистина веруваш дека ќе се реализира, реков не само што верувам, туку и ќе се реализира – истакна Ахмети.

Тој додаде дека верувал и во Охридскиот рамковен договор, како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верувал, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верува и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се негов идеал за кој што работи секојдневно.

-Утре браќа и сестри, утре е историски ден. Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Македонија. Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија. Благодарен сум што верувавте во нас, застанавте зад нашиот сон со вашата укажана доверба, таа ваша поддршка утре се наградува со исполнето ветување и со уште една завршена работа, и со уште еден остварен сон. На сите наши граѓани им го честитам ова достигнување и сигурен сум дека нашата земја станува посилна, порамноправна и пообединета – вели Ахмети.

Тој најави дека изборот на првииот премиер Албанец не е крај, туку дека е само почеток и дека имаат уште многу работа и соншта за остварување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанец им зел 11.000 евра за да…

Педесет и седумгодишен жител на тетовско село,…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Хаг: Албански сведок изјави дека бил приведен…

На судењето на четворица водачи на поранешната…

Ова е жената во која пукаше Албанец…

Триесетгодишната В.Ј. (30) од Велика Дренова е…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…