Ахмети ретерира, сепак не знаел каде е Груби

t

По вчерашната изјава дека Артан Груби се наоѓа на албанска тетиторија, лидерот на ДУИ и пратеник, Али Ахмети денеска ретерира, не знае каде се наоѓа неговиот прв соработник.

„Лично немам контакт со Артан Груби и немам детални информации каде актуелно се наоѓа. Мојата изјава во текот на вчерашниот ден е базирана на тоа што е јавно изјавено од претставници на Владата, но исто така и од фактот дека тој легално си ја поминал границата Македонија-Косово. Верувам силно дека секој граѓанин вклучувајќи го и господинот Груби заслужува еден правичен и неселективен судски процес далеку од селективна апликација на правото“, изјави Ахмети за ТВ 21.

Вчера за косовските медиуми, Ахмети јасно кажа дека Груби се наоѓа на албанска територија. Ахмети побара правдата да не биде селективна и одмаздничка.

Груби е осомничен за проневера во Државна лотарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…