Ахмети со најубедлива победа, Пендаровски со најголем пораз во своето маало

t

Лидерот на ДУИ Али Ахмети остварува најубедлива победа на гласачкото место каде што гласа од сите политички лидери кои ги анализиравме. Претседателот Стево Пендаровски има најубедлив пораз во своето маало.

На своето гласачко место губат и лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ДПА Мендух Тачи, кој на овие избори настапи во коалиција со ДУИ.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети гласа на избирачкото место 0816 во Зајас. Коалиција предводена од ДУИ таму има 213 гласа, односно скоро 87 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција Вреди има само 24 гласа, односно помалку од 10 отсто. Ахмети во свое маало освоил скоро 9 пати повеќе гласови од опозицијата.

Неговиот коалиционен партнер Зијадин Села, на гласачкото место 1899/1 во струшкото село Ливада добил 206 гласа, наспроти 79 за коалицијата Вреди, односно разлика од 2,6 пати.

Над двојна предност остварил и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на гласачкото место 2651/1, во ОУ Димо Хаџи Димов во Влае. ВМРО-ДПМНЕ имаат 174, а СДСМ 73. Добар резултат на ова гласачко место има и Левица со 56 и ЗНАМ со 38 гласа.

Уште подобар резултат, ВМРО-ДПМНЕ оствариле на гласачкото место на нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова во Дебар Маало. На гласачкото место 2866, ВМРО-ДПМНЕ има 210, а СДСМ 71 глас. Левица има 46, а знам 55 гласа. На претседателските, таа освоила 267 гласа, двојно повеќе од Стево Пендаровски со 124.

Техничкиот премиер Талат Џафери направил двојна предност пред Вреди на гласачкото место 0502 во гостиварско село Форино, со 146 наспроти 73 гласа.

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами од коалицијата вреди победил на гласачкото место 1947, во СОУ Кирил Пејчиновиќ во Тетово со 173, наспроти 126 гласа за ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ освоиле 111 гласа.

Арбен Таравари на своето гласачко место во ОУ Башкими во Гостивар освоил 58 гласа, наспроти 49 за ДУИ. Најмногу гласови има ВМРО-ДПМНЕ – 123.

Во своето маало во основното училиште Панајот Гиновски во Бутел 2 победува и Изет Меџити од Вреди со 191, наспроти ДУИ кои имаат 160 гласа. ВМРО-ДПМНЕ освоиле 119 гласови.

Претседателот Стево Пендаровски гласа на избирачкото место 2489 во Салата Автокоманда. Тој има 95 гласа, а неговата противкандидатка Силјановска Давкова скоро четири пати повеќе, односно 372. Уште подрастичен е поразот на СДСМ, кои имаат 48, наспроти 302 гласа за ВМРО-ДПМНЕ, односно 6 пати повеќе. Левица на ова гласачко место е втора партија со 71 гласа, а ЗНАМ има 42.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски загубил на своето гласачко место во Тафталиџе со 170 гласа за СДСМ, наспроти 256 за ВМРО-ДПМНЕ. Левица има 89, а ЗНАМ 49 гласа.

Во своето маало загубил и лидерот на ДПА Мендух Тачи. Коалицијата предвоена од ДУИ, чиј дел беше и тој, освои 86 гласа на избирачкото место 1968/1 во Старата Градинка во Тетово. Ист број гласови освои и ВМРО-ДПМНЕ, додека Вреди има 90 гласа.

Добар резултат во своето маало, на гласачкото место 1025 во Куманово има и Максим Димитриевски. Неговата партија ЗНАМ е на второ место со 127 гласа, пред СДСМ со 94. Најмногу има ВМРО-ДПМНЕ со 160 гласа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За пари, син со нож му се…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…

МВР со детали за аспењето на Георгиев:…

МВР ги соопшти деталите за апсењето на…

За Бајден скандалозно е барањето на Хаг…

Американскиот врв денеска излезе со остра осуда…

Како да испечете вкусен и крцкав леб…

Домашниот леб печен во тенџере стана сè…

Бараж за ВМФЛ: Победа налета на Куманово,…

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја извлече…