Ахмети, Филипче и Ковачевски имаат државно обезбедување, објави Апасиев: Ова ли е тоа „КОНТРОЛИРАНА ОПОЗИЦИЈА“ во буквална смисла!?
Пратеникот и Лидер на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи објави дека државно обезбедување моментално имаат Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Ковачевски. Информациите ги добил како одговор на пратеничко прашање.
– Во врска со пратеничко прашање поставено од проф. д-р Димитар Апасиев кое се однесува на тоа кои од актуелните пратеници во Собранието на Република Северна Македонија имаат/користат државно обезбедување од страна на Министерството за внатрешни работи, Ве известуваме дека согласно одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување („Службен весник на Република Македонија” бр.56/14 и 161/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.267/19 и 244/23), определени се мерки и активности за обезбедување за следните пратеници:
- Али Ахмети,
- Венко Филипче и
- Димитар Ковачевски. – стои во одговорот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев го тужи Собранието
Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија…
Левица: Нов ценовен шок – власта повторно…
Иако Владата се фали со „успешни мерки”…
Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…
„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…
Филипче: За прв пат после 50 години…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…
Шести април нов датум за реизбор на…
Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…