Ахмети ќе се кандидира за шеф на државата?

t

Лидерот на ДУИ размислува дали да го прифати предизвикот. Неговите сопартијци сметаат дека само на Ахмети му доликува да биде претседателски кандидат. Аргументите за тоа се дека гласачите Албанци плебисцитарно ќе се определат за него, а кандидатурата би била голем поттик и за парламентарните избори, брифира за „Слободен печат“ висок функционер на ДУИ.

Можно ли е првпат изборот за шеф на државата да биде далеку повозбудлив од изборот на новиот парламентарен состав и владата? Ова може да биде реалност ако се потврдат информациите дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, влегува во претседателската трка наспроти претседателскиот кандидат на албанската опозиција Арбен Таравари, кој денеска ја промовираше кандидатурата. Ако Ахмети реши да биде претседателски кандидат на ДУИ, тоа не само што ќе предизвика потрес во албанскиот, туку и во македонскиот политички блок.
„Слободен печат“ веќе објави дека ДУИ на претседателските избори ќе оди со свој кандидат и дека сериозно во игра е потпретседателот на партијата и министер за надворешни работи Бујар Османи.

Висок функционер на ДУИ за „Слободен печат“ брифира дека Ахмети размислува дали да го прифати предизвикот на кој го убедуваат сопартијците – да биде претседателски кандидат. Одлука уште не е донесена, но сопартијците сметаат дека само на Ахмети му доликува да биде претседателски кандидат. Аргументите за да го убедат лидерот се дека гласачите Албанци плебисцитарно ќе се определат за Ахмети, дека кандидатурата за шеф на државата ќе биде голем поттик за парламентарните избори и дека, според партиските анализи и математики, можно е тој да влезе во вториот изборен круг заедно со еден од кандидатите од македонскиот политички блок.
Што ќе пресече Ахмети, ќе се знае наскоро, бидејќи изборите се веќе распишани. Од друга страна, доколку Ахмети биде претседателски кандидат, тоа може да се толкува и како страв на ДУИ од кандидатурата на Таравари, односно дека друго партиско решение, освен лидерот, би можел да освои помалку гласови од опозицискиот кандидат.
Техничкиот премиер Талат Џафери одби да коментира дали ДУИ ќе има свој кандидат за шеф на државата.

– Ќе одите до Речица, ќе седнете со лидерот Али Ахмети, јас сум премиер и ја претставувам Владата, а не ДУИ – рече Џафери.

За кандидатурата на Таравари за шеф на државата, Џафери рече дека не чувствува потреба да коментира одлуки на политички партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

(Видео) Јакимовски: Ќе бидам претседател на сите…

Вечерва се одржа претседателската конвенција на Стевчо…

Јакимовски ги поднесе потписите: Очекувам влез и…

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска официјално…

Истече рокот за собирање на потписи, седум…

На полноќ истече рокот за собирање потписи…

Јакимовски му одговори на Мицкоски: Ќе ве…

Ќе ве победам затоа што имам искрени…