Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ, со факти
Аценце, те чекам на ТВ дуел, а во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто дадено на маслиново масло Алфа ТВ, со факти:
Аце рекол: “Ги демантирам ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров” не се тоа ставови Аце туку факти, еве секој во Македонија кај тебе на веб страна може да ги види па и ти https://opstinagpetrov.gov.mk/wp-content/uploads/urbanizam/vazecki_urbanisticki_planovi/dup_gradska_cetvrt_sz_16_17_02_2024/sintezen_sz_16_gp.pdf
Аце рекол: “Ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните.” многу јако, јас сама а ти против мене со целата владеачка партија од 4тата економија во Европа со која изгласавте ДУП со хемиски фабрики
Аце рекол: “Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров” па нели на Чаир бев фокусирана, што си се уплашил толку
Аце рекол: “Арсовска работи, инвестира на други места додека пак во Ѓорче Петров не работи ништо” Аце од сите нови 29 улици што ги имаш во Ѓорче, 27 ти ги направив јас!!!
Аце рекол: “Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија” Аце многу директно ти кажав 157.000м2 објекти хемиска индустрија која е класифицирана како загадувачка
Аце рекол: “Објектот (Лафома) поседува сопствена пречистителна станица, под постојан надзор на Министерството за животна средина и сите релевантни државни органи” Аце нели не загадува хемиската индустрија, што тогаш пречистува фабриката и што го истура во Лепенец? Бидејќи знаеш многу за фирмата и ги застапуваш, ајде чекаме да ни кажеш??
И за сѐ ова јас имам докази, а ти соопштение што ти го напишале во штаб.
Ајде уште еднаш да те прашаме, дали ти ги праша жителите на Ѓорче Петров дали тие сакаат хемиски фабрики на 157.000 m2 и над 30 висококатници да се градат сред општината? НЕ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повредена 17-годишна девојка во Тетово, откако…
17-годишна девојка од Косово е тешко повредена…
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…
Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…
Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…
ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…
Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…
Син ја нападнал мајка си во тетовско
24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…