Објавено на:

Ацо Боцевски е уапсениот Македонец во Катерини

t

По повеќе од две децении во бегство, македонскиот државјанин Ацо Боцевски, познат под прекарот „Циганот“, е уапсен од грчката полиција во градот Катерини, потврди Министерството за внатрешни работи.

Боцевски беше предмет на една од најдолготрајните меѓународни потерници распишани од македонските власти.

„Денеска (26.05.2025), од страна на грчката полиција сме известени дека го лишиле од слобода А.Б., кој беше баран со меѓународна потерница по наредба на Основен суд Скопје I од 30.06.1998 година, за издржување казна затвор во траење од 15 години, за извршено кривично дело убиство по член 123 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР.

Според информациите, Боцевски е осуден за убиство на Сеат Ибраими, кое било извршено во моември 1997 година, среде бел ден во центарот на Скопје.

На убиството му претходела кратка автомобилска потера низ градските улици по што Ибраими, управувајќи „Мерцедес“, излетал од патот во близина на зградата на осигурителната компанија „Кјуби“, каде Боцевски, кој бил во „Корвета“, го стигнал, излегол од возилото и ладнокрвно го застрелал со цел шаржер.

Сепак, откако му бил одобрен куќен притвор, Боцевски избегал и и оттогаш успешно им избегнуваше на органите на прогонот. Потерницата по него беше една од најстарите активни на веб-страницата на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ИЗДАДОА ЗДРАВСТВЕНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сомнежи за белодробна…

Американската амбасада во Москва издаде здравствено предупредување…

Се огласи МВР за случајот Марковски: Се…

Според информациите од МВР, претрес се спроведува…

Поради денешниот инцидент во Црно Море: Претседателката…

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова свика седница…

Морнар спасен од брод кој беше нападнат…

Морнар од трговскиот брод „Ејбл“ (Able), кој…

Вулин ќе се кандидира за претседател на…

Основачот на Социјалистичкото движење, Александар Вулин ја…