Ајде народе, според закон: Секој може да поднесе иницијатива за Забрана на работата на организациите пред надлежен обвинител!

t

Постоечкиот Закон за здруженија и фондации дава можност секој да може да поднесе иницијатива за забрана на работата на организациите пред надлежен јавен обвинител.

Во членот 66 од Законот за здруженија и фондации се наведува дека ако надлежниот основен јавен обвинител според седиштето на организацијата по службена должност или по поднесената иницијатива оцени дека постојат причини за забрана на работата на организацијата во согласност со овој закон, ќе поднесе предлог до надлежниот суд. Постапката за забрана е итна, предвидува Законот.

Во членот 65 од Законот, пак, се предвидува во кои случаи се забранува работата на организациите. И тоа ако: нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разговрување на национална, расна или верска омраза и нетрпеливост, активности поврзани со тероризам или презема активности кои се спротивни на Уставот или закон и се повредуваат слободите и правата на други лица.

Откако организации и институции деновиве реагираа за регистрацијата на бугарски здруженија во земјата, од Министерството за правда потенцираа дека до нив не е доставено барање за давање позитивно мислење за одобрение на името на здруженијата „Цар Борис Трети“ и „Цар Фердинанд“.

Во април годинава во Битола беше отворен Културниот центар „Ванчо Михајлов“, потоа беше регистрирано Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, а се споделува и информација дека и во Богданци се подготвува ново бугарско здружение кое според најавите треба да го носи името на Цар Фердинанд, татко на Царот Борис III.

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија пред неколку дена соопштија дека со регистрацијата на здружението „Цар Борис Трети“ во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза.

Извор: Локално

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…

По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…

„Сакам да работам“: Премиерот падна во замката…

Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во…

Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…

Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…

Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…

Следната недела СДСМ го промовира новиот закон…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во поткаст…