Ајде реприза – Османи: Ако го прифатиме францускиот предлог прашање на денови е добивањето датум за преговори со ЕУ

t

Македонскиот шеф на дипломатија, Бујар Османи информира дека францускиот предлог прво ќе се претстави пред членовите на Владата, а ако може уште утре ќе се презентира пред јавноста.

-Ќе се обидеме со премиерот и со другите членови на Влада за да во наредните денови сите институции, кои беа споменати во денешното соопштение од Владата бидат запознаени со предлогот. Имам мој став по однос на предлогот. Се надевам ќе биде утре пред јавноста и медиумите. Тоа што е важно е дека ги адресира забелешките кои што ги кажавме после работната верзија дистрибуирана пред земјите-членки. Мојот став прво ќе го кажам пред јавноста, изјави Османи.

Министерот појасни дека бил во Софија пред два дена со неговата преговарачка екипа, со која што разговарале со бугарската страна.

-Имавме 10 часови средба со бугарската страна за билатералната компонента на пакетот, а тоа е протоколот, После тоа продолжив за Мадрид, каде ги продолживме разговорите во однос на европските дел од пакетот, а тоа е преговарачката рамка и заклучоците. Макрон го претстави како финален предлог на француското претседателство. Мислам ќе биде наша проценка дали го прифаќаме или не. Доколку го прифатиме предлогот, прашање е на денови кога ќе ги отвориме преговорите со ЕУ, информира Османи во изјава за Тв Канал 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грците и Бугарите живеат најскромно од цела…

По десет години „финансиско чистилиште“, Грците конечно…

Месото во ЕУ за една година поскапело…

Во февруари годинава, цената на месото во…

Портпаролот на ЕУ: Војната во Украина ќе…

Европската унија има јасен и дефиниран став…

Нели нема корупција во ЕУ? 22 лица…

Во акција на полициите на Италија, Австрија,…

Маричиќ: Ова се избори за членство на…

„Крајната цел на овие избори е што…