А ДА ИМАШЕ ВИСТИНСКА БОМБА?! Спасовски: Дојавата во основно училиште во Петровец стигнала вчера, директорката видела дури денеска!!!

t

Пријавата за бомба во основното училиште во општина Петровец е дојава од вчера која што стигнала на мејлот на директорката, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Според Спасовски, директорката на училиштето вчера воопшто не ја видела електронската пошта и не пријавила, туку тоа го сторила денес.

-Бидејќи имаме повеќе училишта со името „Кочо Рацин“ моравме да извршиме проверка кај сите нив. Во тек е проверката и за Крива Паланка, објасни денеска првиот полицаец во земјава.

Во однос на обезбедувањата во средните училишта во Скопје, Спасовски информира дека само едно училиште има обезбедување, но во него досега немало лажна закана за бомби.

Во последните два дена за прв пат имаше закани за бомби и во основни училишта, а денес по прв пат имаше дојава и за експлозивна направа град надвор од Скопје, поточно во Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за четири лица, меѓу кои…

Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни…

Возач во Петровец возел со 3,7 промили…

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на…

Дедо Мраз денес слетува со хеликоптер во…

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска…

Се урна училиште во Романија, четири деца…

Зграда на средно училиште во Романија денеска…

По изјавата на Агелер за случајот со…

Додека МВР притвора другите ги ослободуваат –…