Бабунски избран за најдобар фудбалер во Унгарија за февруари
Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски кој денеска даде гол за победа со 1-0 против Кишварда на гости и е во страшна форма со шест гола во вториот дел од сезонава која почна пред крајот на јануари, е избран за најдобар фудбалер во унгарската елита за минатиот месец.
Бабунски незапирливо ги тресе мрежите, па сезонава веќе дојде до двоцифрен ефект на голови, десет во 21 настап за Дебрецин и во моментов е најдобар фудбалер и на својот тим, а и прво име меѓу напаѓачите, па познатиот унгарски медиум „М4 Спорт“ му ја додели наградата за прв играч во првенството.
Ова е само дополнителна мотивација за Бабунски, кој со оваа извонредна форма навреме доаѓа за една недела за стартот на евроквалификацискиот циклус на Македонија против Малта во Скопје.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…
Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…
Русија го повтори барањето НАТО да се…
Русија повторно бара НАТО да ги повлече…
Почина Агрон Мемеди, поранешен репрезентативец и член…
Македонскиот фудбал денеска гоп погоди тажната вест…
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
„КИКИ ГО ЧУВАШЕ НАШИОТ БОЛЕН СИН, БЕШЕ…
Потресна исповед на семејство од Загреб открива…