Објавено на:

Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат да се потпираат на САД за безбедност како порано

t

Земјите од Блискиот Исток повеќе не можат да се потпираат на тврдењата на САД дека ќе им осигуруваат безбедност како во минатото – изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи.

-Амбициите на ционистичкиот режим не се нешто за кое можеме да кажеме дека се скриени. Нападите на израелскиот режим врз Либан, Палестина и Сирија и заканите кон земјите од Блискиот Исток укажуваат дека земјите во регионот не можат да се потпираат на тврдењето дека Соединетите Американски Држави ќе им обезбедуваат безбедност како во минатото – изјави Багеи на прес-конференција.

Според него, по избувнувањето на израелско-палестинскиот конфликт пред три години и почетокот на, како што рече, геноцидот во Појасот Газа, земјите во регионот дошле до заклучок за тоа кој претставува најголема закана за стабилноста и безбедноста на целата меѓународна заедница.

-Самата Америка беше дел од несигурноста во регионот. Ционистичкиот режим сигурно не би можел да ги изврши своите злосторства без американска поддршка. Веруваме дека безбедноста во регионот е неделива. Секој план што правилно ќе го идентификува непријателот и заканата има шанси да помогне во зајакнувањето на безбедноста – рече Багеи.

Говорејќи за трилатералниот договор за одбрана што минатата недела во Мека го потпишаа Турција, Саудиска Арабија и Пакистан, Багеи оцени дека земјите во регионот сфатиле дека безбедноста не е стока што може да се купи.

-Политиката на Иран беше да ги повикува земјите во регионот на соработка и зајакнување на внатрешната безбедност без потпирање на странски актери. Овој развој на настаните мора да се земе предвид – посочи Багеи.

Тој потсети дека во изминатите неколку години бројни новинари ги загубиле животите во Палестина, Либан и во други земји.

-Многумина од нив беа активни во областите на медиумите, информирањето и културата. Го почитуваме нивното сеќавање и упатуваме поздрави до сите маченици – истакна Багеи.

Тој изрази очекување дека земјите во регионот ќе се „воздржат од ставање на својата територија на располагање на непријателот“, оценувајќи дека тоа не е големо очекување и дека е во согласност со принципот на добрососедство.

-Иран самостојно носи одлуки за своите национални интереси и грижи – порача Багеи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…