Базенот во Тетово отворен за граѓаните, два дена во неделата е резервиран само за жени и девојки
Откако учениците го започнаа летниот распуст, градскиот базен во Тетово е пуштен во употреба за сите граѓани. Граѓаните кои ги сретнавме велат дека вакви простори треба да има и во други градови, но и во селата. Тие велат дека ги носат децата овде за да научат да пливаат, но и поради здравствените придобивки.
Базенот во Тетово е отворен од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот, додека за време на викендот од 09:00 до 21:00 часот. Раководителот на Одделението за спорт во Општина Тетово, Мухамед Авзиу, вели дека интересот е голем, а истакна дека во среда и сабота до 12:00 часот базенот е резервиран само за жени и девојки.
„Интересот е голем. Гледаме дека бројот на посетители на базенот расте од ден на ден, но најголемата посетеност нормално е за време на викендот. Градскиот базен го посетуваат деца кои ги носат нивните родители, но имаме и постари лица кои доаѓаат и го посетуваат нашиот базен. Сега имаме и многу што доаѓаат по препорака од лекар, кои имаат проблеми со зглобовите или со телото, па и тие доаѓаат да го користат базенот“, изјави Мухамед Авзиу, раководител на Секторот за спорт во Општина Тетово.
Во градот Тетово e започната и изградба на уште два вакви базени – еден во средното училиште „Кирил и Методиј“ и еден во училиштето „Наим Фрашери“. Во градот има и повеќе отворени базени со кои управуваат приватни компании.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…