Балканот денес е најтоплиот дел од Европа
Во земјите од регионот денеска се активирани црвени или портокалови метео аларми кои предупредуваат на многу високи температури, а метеоролозите повикуваат на почитување на правилата во дадените временски услови.
Врвот на топлотниот бран во Хрватска е најавен за денеска. Во поголем дел од земјата ќе биде многу топло, а само три хрватски региони Осиек, Карловац и Госпиќ немаат издадено предупредување за екстремно високи температури.
Во сите земји од регионот е издадено предупредување за многу висок УВ индекс.
Во Република Српска и Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се очекува температурите да достигнат до 39 Целзиусови степени, а на сила е портокалово предупредување. На повеќе места се очекува и тропска ноќ бидејќи минималната температура ќе се задржи над 20 степени.
„Преземете мерки, се очекуваат екстремно високи температури. Заштитете се себеси, децата и постарите лица. Постапувајте според советите издадени од надлежните органи“, предупредија метеоролозите.
Во Црна Гора ќе биде сончево и многу топло, а прогнозираната температура ќе биде до 39 степени, во Подгорица дури 40. Морето ќе биде брановидно, а температурата ќе биде 25 степени.
Многу топло време ќе има и во Северна Македонија, каде дневната температура речиси насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C. Од четврток до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И неговите се свртеа против Еди Рама…
Сопартијката на албанскиот премиер Еди Рама, Елиса…
Претставници на Шкендија Арачиново беснееле во соблекувалната…
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Расте бројот на пациенти кои бараат помош…
На Клиниката за психијатрија во првите седум…